Skip to content

Само небото нѐ спојува

Само небото нѐ спојува, таму никој не војува

Еве, тука е градината на рајот, на земните работи крајот,

Сме ги заборавиле нашите ветувања за отцепување од првиот грев

Од првото јаболко, од Божјиот прв позивен спев .

Црната месечина која ја надвисила Земјата грее во душите на злокобниците

Ги нагризува вените кои течат од Адот во срцата на сладострасниците,

Се будиме со гранати чијшто глас се слуша, монотон напев на падната душа

Челични птици брзаат во пламен, деца на демонот темен страмен.

Срцата ни чукаат испуштајќи црвени капки во снегот

Згаснува детската смеа , слушаме плач избезумен на брегот

Кога плачот радост ќе стане, иднината ќе се разбуди во мирен пламен

Да ги кренеме барјаците на слободата, човечноста да се разбуди од ладниот камен

Да победи светлината во светов, тоа е желба на срцето на поетот .

Напишете коментар