Skip to content

Убавината нема име – Софија Величковска

  • by

Велат дека сè што е убаво,
ни се лепи за душата,
а јас не знам..
мене душата ми се лепи за убавото.
И ако некогаш некој ми се заколне на вечна љубов,
тоа нека биде снежната белина.
Оти е чиста,
невина,
изгубена во времето кога надежта постоеше,
а сега, сега само талка низ пустите
извитоперени улици,
и тропа на вечно заклучените врата.
Таа е тука,
бунтовно со бел фустан
ни ги разигрува успиените очи.
Денот е  цртеж на вечната убавина,
ноќта е лекот за сувата припиена болка
близу твоите гради,
и како да опишам дека животот
не е само причина за немир и ништожност,
дека е и темел на сè она што треба
да се случи,
било тоа добро, лошо, возбудливо
или премногу… тажно.
Ја сакам тагата која извира од оваа прекрасна белина.
Мојот чудотворен белег и моја слатка одмазда.

Напишете коментар