Крвава бајка е една од најпознатите поеми на српската поетеса Десанка Максимовиќ. Поемата е посветена на учениците на крагуевачката гимназија кои биле дел од 7.000 стрелани цивили од страна на германските окупациони власти на 21 октомври 1941 г., на почетокот на Втората светска војна.
Крвава бајка
Се случи тоа во некоја селанска земја, срт,
на Балканот планински темен,
умреа со маченичка смрт
деца една чета
во исто време.
Иста година
сите беа родени,
исто им минеа училишните дни,
на исти свечености
заедно беа водени
од исти болести пелцувани
и сите умреа во исто време.
Се случи тоа во некоја селанска земја, срт,
на Балканот планински темен,
умреа со маченичка смрт
деца една чета
во исто време.
А педесет и пет минути
пред смртниот миг
седеа во училшните клупи
со замислен лик
и исти задачи тешки
решаваа: колку може
патник ако оди пешки…
и така редум.
Мислите им беа полни
со исти бројки
и по тетратките во торбите
бесмислено лежеа безброј
петки и двојки.
Ракатка исти мечти
и исти тајни
родољубиви и љубовни
криеја во дното на џебовите свои
и на секое му се чинеше
дека долго,
дека многу долго
ќе трча под сводот во сини бои,
додека сите задачи на светот
не ги сврши.
Се случи тоа во некоја селанска земја, срт,
на Балканот планински темен,
умреа со маченичка смрт
деца една чета
во исто време.
Децата редици цели
се држеа за раце
и од последниот училишен час
на стрелање тргнаа мирно
како смртта да не е ништо.
Другарите редици цели
истиот момент без глас
заминаа во вечното живеалиште.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.