Skip to content

Вековит Прилеп

Во Трескавец згрми Перун од планините, висините

Во кулите царствата се разрушуваат, се витосуваат

Месечеви молњи од исток ги палат, ги срамнуваат

Железни боздогани тешки триста ока во нив битисуваат.

 

Болка тече низ камена лава се долу до Прилепа града

Стапки тешки отвора да олесни поклоненици од тешка страда

Небесен свод закрила нуди, мајката Божја никому не суди

Небеските царства од сенилни понори ги буди.

 

Во Трескавец Громовникот свети од планините, висините

Луто беснеј за нападите смртни во срцето на убавините

Ги тресе кулите, ја оживува старата прилепска крепост

Вековит станува градот, Божја дарена милост и мекост.

Напишете коментар