Романот „Суво мастило“ од Владимир Илиевски беше книга за месец февруари како дел од кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје и заклучно со последниот ден од месецот во спомен-соба “Т’га за југ ” се одржа и клубот на читатели.
Оваа книга привлече големо внимание кај читателите но и кај членовите на клубот. Имаше критики проследени со многу пофалби. На сите ни се допадна. Целокупниот заплет е добра приказна. Фантастично, креативно и интересно дело се некои од зборовите што ги слушнавме. За некои е историски роман но сите се согласивме дека ова, пред сé е книга за пријателството. Книга која ја препорачуваме да биде на вашите полици и ваше следно четиво. Крајот на книгата е малку емотивен, но ликовите и по читањето на книгата ќе останат со вас. Се надевам дека ќе уживате исто како и јас и сите членови на клубот на читатели. На крај заклучивме дека со нетрпение очекуваме нешто ново од авторот Владимир Илиевски, кој е мајстор на деталите но сигурно ќе се согласите со мене дека сите големи прозаисти се токму тоа.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.