Skip to content

Жена

Она што сакаш да го разориш, да го разнебиташ,

Остави го да ја обнови твојата крв

Да го распарчи своето тело

Да го издиши твојот плод

Голотињата своја да ја навлече

Притоа мамејќи те во разигра

Со невенчан корен да те откорени

Од твојата закопана сенка,

Таа јаловица која жеднее за семе

Викај ја со сите имиња

Таа би можела  да биде секој

Распален пекол или божествен рај

Исповед грешен или утринско покајание

Изгрејсонце или змиски допир

Таа е

МАЈКА, КРАЛИЦА,СЕСТРА, ЖЕНА

Таа твојата крв ќе ја проструи

Ќе те издигне до сребрените ѕвезди

Ќе ја продолжи твојата ноќ

Ќе го изникне твојот ден

Пролетта твоја ќе ја разбуди

Додека ти ја разнебитуваш

Времето ѝ го одземаш

Таа ти го продолжува животот.

Зошто таа е жена,

А жена може сé.

Напишете коментар