Skip to content

Чудна е Македонија! – Венко Марковски

Кочански ориз набабрел,

Гевгели вие кожурци,

Вардарка рони класови,

тиквешка лоза до земња

летница в Охрид извира,

афион Велес насекол,

и Тетово тежат јаболка,

тутун ја Драма покрива,

бубаќ низ Серско белее!

 

А нејзината сила:

 

Намини-помини селски колиби,

запри се, послушај гори-кории,

зазборуј, распрашај Бигла планина,

надздри го, види го, старо Крушово-

гради ти разгорел к’рваф Илинден.

Чуеш ли бури излегле:

Бело се море покрева,

на нози Пирин изрипал,

Вардар го далги испраќат,

Јане го луња повела,

векот со Ѓорче кинисал.

 

А нејзино ропство:

 

Римјан по неа погуби младос,

Елин крај неа помами памет,

Турчин со неа закопа царство,

Чера и едни шмукаа жили,

сега и друзи затират сили,

б’рчка и топи моминско чело,

запра по неа песна и радос,

ќерки и лични – робинки бели,

невести млади – аргатки тажни,

синови горат в затвори влажни!

Напишете коментар