Skip to content

Предлог книга за вашите полици – „Мојата љубов Никола Тесла“ од Ана Атанасковиќ

Роман за жена која никому не припаѓа, која живее во храбриот нов свет, кој постојано расте и нуди едноставност и толку многу можности, се разликува од стариот континент, онаа стара Европа, сериозна каде потешко се дише и ретко се сретнува вистинска искрена насмевка. Црвенокосата Кејт Мекмехон, со огнена ирска крв, доследна, избувлива и храбра го привлекува вниманието на сериозниот млад и надежен поет Роберт Андервуд Џонсон, кој плени со својата елеганција и учтивост, член на уредничкиот тим на списанието „Скрибнеров месечник“, списание за литература и уметност. Неговата поезија, разговори, романтични писма, буќети со цвеќиња во пастелни бои се доволни за тој да стане нејзино скривалиште и столб на стабилноста, но дали ја освојува нејзината душа, дали ги смирува нејзините хирови?

Во Њујорк, градот кој ги зборува сите јазици и постојано бучи, на улицата Левингстон, се наоаѓа нивната кафеава куќа, мала школка која собира уметници, научници, политичари, актери, електроинжинери … Ги пречекуват Салвини, Марк Твен, Витман, Вајт, Томас Мартин, Киплинг, сооздаваат сопствен мал рај, се додека во нивниот дом не пристигнува еден волшебник, научник во подем, со кралско oднесување и префинета елеганција, енигматичен џентлемен, моќен и истовремено толку нежен. Неговото име е Никола Тесла. Станува дел од нивното семејство, ги обожува нивните деца, зборува за некои чудни електромагнети бранови и доаѓа од некоја мистериозна земја каде цветаат прекрасни миризливи цвеќиња. Неговите бранови ја преплавуваат, ја фасцинираат, таа постојано го следи, го има во мислите, маѓепсана е од неговата харизма, од неговит идеализам, тој  станува нејзин копнеж.

Брилијантното поетско перо на Ана Анастасовиќ  брилијантно ја опишува нераскливата врска меѓу стариот и новиот свет, свет кој одново се раѓа, разигран моќен свет кој нуди нови можности и стариот, мистериозен и енигматичен, меѓу сензуалноста и воздржаноста, меѓу сонот и реалноста, меѓу платонизмот и физичката љубов.

Никола, научникот обвиткан со мистерија доаѓа пред вашите очи во една поинаква природа, која зрачи со прикриен сензибилитет, чија душа вечно пребива во етерот, во една вибрирачка состојба каде сега сигурно вибрира со енергијата на Кејт, во една сосема поинаква димензија.

Роман кој ќе ве воодушеви со својата моќ и страст, со детално опишаните сцени за кои авторката долго истражувала и ги пренесува со живописни фантазирањa, фасцинатни податоци, и беспрекомисни описи на места, луѓе и емоции. Ова е книга која треба да се најде на вашите полици и да ја збогати вашата домашна библиотека, топла препорака од тимот на Крајбрежје!

Напишете коментар