Skip to content

Очи – Цветанка Невчева

  • by

Порцелански поглед
што поминува преку штитот
направен од страв за пробив
до ранливото срце полно со љубов.

Шепот ти замрзна на усните,
а очите ти искреа жедно!
Сонуваат само сонувачите,
а јас сум еден од нив.

Те сакам на начин
на кој што јас не сум јас,
ни ти не си ти!

Некои работи можат
подобро да се почувствуваат
отколку да се објаснат.

Само во темното можеме
да ги видиме ѕвездите,
душата создадена од љубов
и срцето полно со милост.

Најсигурниот начин да бидеме среќни,
е да ја бараме среќата за другиот!

Напишете коментар