Цитати за децата кои секој од нас треба да ги прочита без оглед дали е или не е родител или допрва дека ќе стане. Децата се нашето најголемо богатство за кое вреди да подигнеме и планини доколку е потребно. Во името на сите дечиња на цел свет прочитајте и споделете ги овие цитати со тие што треба да ги прочитаат.
1. „Малите деца не ти даваат да спиеш, големите да дишеш“. – Руска поговорка
2. „Ако ги решите проблемите на своите деца тие ќе немаат друг проблем освен вашиот“. – Душко Радовиќ
3. „Учете ги вашите деца на знаење, не треба со сила туку со игра“. – Платон
4. „Во староста од своите деца очекувај го она што сам си му го правел на својот татко“. – Питагора
5. „Првите солзи на детето се молби, ако не ги спречите ќе станат наредби“. – Русо
6. „Децата наоѓаат сѐ во ништо, а луѓето ништо во сѐ“. – Леопарди
7. „Паметните родители им дозволуваат на своите деца понекогаш и да погрешат“. – Ганди
8. „Децата и часовниците не смеат непрекинато да се навиваат. Вреди да ги пуштите да одат.“ – Жан Пол
9. „Од памтивек, синовите се понеразумни од татковците, но за среќа синовите стануваат поразумни штом ќе станат татковци“. – Меша Селимовиќ
10. „Кој ќе ги научи децата да се задоволат со малку, им остава повеќе од богатство“. – Германска поговорка
11. „Човекот сака од секого да е подобар, а од своето дете да е полош.“ – Српска поговорка
12. „Кој живее без деца – не знае за жал, кој умира без деца – не знае за радост“. – Германска поговорка
13. „До петтата година детето е твој господар, до десеттата твој слуга, од десеттата до петнаесеттата твој таен сојузник, а потоа станува твој пријател или твој непријател“. – Германска поговорка
14. „Кој нема грижи, нека го ожени синот“. – Финска поговорка
15. „Нема мирно дете ниту убави баби“. – Српска поговорка
16. „Блазе им на бабите и дедовците кои имаат внуци, тешко нас кои имаме деца“. – Душко Радовиќ
17. „Има многу сиромави меѓу нашите деца кои освен пари, родителите ништо друго не можат да им дадат“. – Душко Радовиќ
18. „Родителите се вчудовидуваат кога ќе слушнат дека децата им се дрогираат. Не можат да веруваат. Кога ги виделе последен пат, не се дрогирале“. – Душко Радовиќ
19. „Тепајте ги своите деца штом ќе забележите дека почнуваат да личат на вас“. – Душко Радовиќ
Прочитајте и „Цитати за децата кажани од мудри луѓе по повод светската недела на детето“.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.