Роберт Ли Фрост (роден во Сан Франциско, 26 март 1874, починал во Бостон, 29 јануари 1963) бил еден од најголемите американски поети на дваесеттиот век. Добил четири Пулицерови награди. Во неговата личност имаше некаква сила и живост, која не може да се препознае во неговите песни, бидејќи им недостасува една особина која го правеше Фрост да биде особено впечатлив. Често, но не секогаш кај него се појавува некое необично чувство на воздржаност во изразувањето.
Џозеф Бродски, рускиот писател, есеист и нобеловец, напишал дека Фрост го смета за пријателски, настроен земјоделец кој е во суштина поет со благ карактер. Тој е рурален поет, поет кој ги опишува руралните средини, затоа што постојано ја подобрувал сликата која ја оставал за себе презентирајќи ги токму овие рурални квалитети при неговите бројни јавни настапи и интервјуа. Но, далеку од тоа, во реалноста, Фрост бил мрачен поет мотивиран и воден од предрасуди и бил недоволно свесен за неговите способности.
Во продолжение, издвојуваме дел од негова песна во препев на Гане Тодоровски.
Мојата пеперуга
Твоите привлечни, нежни цвеќиња се мртви, исто така,
и сончевиот напаѓач, тој
што те заплашуваше поначесто, тој е избеган или мртов:
Сочувај ме само мене
(Не е ова сожалување)
Сочувај ме само мене
Нема никој да остави да те оплакуваат по полињата.
Пожолтената трева е ретка, со дамки од снег,
Твоите два брега не се затворени над реката,
Но, тоа е моногу одамна –
Се чини цела вечност –
кога го гледав твојот одблесок,
со сето твое засенување на другите
во воздушна игра,
стрмоглавување в љубов,
превртување, заплеткување,
витлеење и витлеење во височините,
небаре кревок венец од рози во оро самовилско.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.