Skip to content

Наградата ,,Бели мугриˮ за стихозбирката ,,Исихијаˮ ја доби авторката Цветанка Невчева

  • by

Цветанка Невчева ја доби наградата „Бели мугри“ за поетска книга на млад автор до 35 години, која ја доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ и истата е дел од Едицијата: „Бели мугри“ 2024.
Стихозбирката „Исихија“ ќе биде промовирана на 04 декември (среда) 2024 година во 19 часот во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје каде ќе се одржи Книжевната манифестација „Деновиˮ, која установата ја организира во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин.

Пред 85 години од печат излезе стихозбирката „Бели мугриˮ од Кочо Рацин. По тој повод Филип Димкоски состави рецитал од неколку песни од стихозбирката ,,Бели мугриˮ. Рециталот ќе биде изведен во рамките на манифестацијата ,,Деновиˮ од страна на актерите: Марина Поп Панкова и Христијан Поп Симонов. Свој музички настап ќе има и гудачкиот квартет – Пламенка Трајковска. Пораката што сака да ја пренесе стихозбирката „Исихијаˮ до читателите гласи: Слушни ја тишината во тебе, за да се осознаеш самиот себе. Тишината си ти!

Напишете коментар