Крајбрежје е со вас 12 години
Крајбрежје денес наполни 12 години. Токму на денешен дaтум (ден случајно избран) во 2013-та година започна нашата приказна во блогирањето и сè уште трае. Денес е и денот на театарот па особено ми е драго што датумот на почетокот на блогот го делиме со овој ден.
Оваа година ќе си посакаме поредовно објавување, повеќе активности. Вас читателите веќе ве имаме, а можеме само да посакаме да ве имаме во уште поголем број. Ви благодариме за читаноста, поддршката низ годините. Нас ни останува да бидеме доследни во исполнувањето на нашите желби. Среќна 12-ка Крајбрежје!
Потсетување на некои објави од претходните годишнини во продолжение.
7 години постоење и благодарност за секоја научена лекција
9 причини поради кои вреди да го читате нашиот блог

Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.