Промоција на стихозбирката „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска била одржижана вчера со почеток во 20 часот во бифето на Младинскиот културен центар.
Книгата е во издание на „ПНВ Публикации“, промотор е Димитар Пандев, стиховите ги читала самата авторка, а гостинка била Ема Величковска.
Наташа Сарџоска (1979, Скопје) е поет, писател, есеист, антрополог, преведувач и перформер. Има докторирано антропологија на Карлс Еберхард во Тубинген, на Универзитетот во Бергамо и на Нова Сорбона во Париз.
Авторка е на пет поетски книги: „Сината соба“, „Кожа“, „Тој ме повлече со невидлив конец“, „Жива вода“ и „Крстна коска“, како и на бројни есеи и раскази.
Збирката „Крстна коска“ годинава беше влезена во тесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“, која се доделува на фестивалот Струшки вечери на поезијата.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.