Skip to content

Ноќна Рапсодија

  • by

Обљубници

Слушам возбуда за годините наталожени

Да би биле виски, цена апсурдна би имале

Но не слушам воздишки за животот минат

Кој како Фурија проструи низ коските

Ги замислувам легнати на подот буков

Се препелкаат со минатото заедно

Како ноќни грешници, обљубници

Допираат скоро до дното

                         

Мечти

Се наоѓам на крстопат теглилен

Темнокрила желба ме носи

Далеку кон вистината трнлива, сурова

Но велам ,,хеј’’ еховно долганвесто

Мислам за мечтите, трепнежи

Зафрлени во амбисот далек

Туркаат камен по ридот угоре

Сизив би им завидил, гибелест

                       …

Отфрлена љубов

Ми пиша срамежливо, небаре невино

Видов, но заборавив да ти вратам

Секунди, минути, час поскоро

Ил пак едноставно не сакав

Дамо! Дрвјата би исчезнале

Да би сакал љубовта да ја насликам

Со зборови седефни, опојни

Велам, едноставно збогум…

                      …

Молк

Дури и во бескрајната цветна градина

Јас би те одбрал тебе, покрај сите суви

Среќата ми е како стол коцкарски

Еднаш ја имаш, па се сеќаваш потоа

Рулетно трпериме, те подигнувам

Молчиме двајцата, да не паднат листовите

Плашејќи се, да не ни ги откријат гревовите

Опеани како во творбите на Есхилот стар

Напишете коментар