Изѕемнати раце ја држат свеќата
Горилка, која осветлува ништо околу одарот
При воал виснат врз твојот лик в’ бучна ноќ
Дур јас го славам идолот мој кој како струна
Зуи мрзеливо по боемштината гнасна
И тогаш пламна се в’ миг, в’ час скуден
Спласна како псалм изгубен во дините
Бесрамно како чакал ти го растргав погледот
Прекупат занесен кон коњопојот излитен
Ти заминуваш без нас, а јас врескам дур
Свири нашата песна срамежливо за нас
За последен пат
За последен пат
Свеќата догори, со твојата тајна во тебе
И исчезна со последниот стих од песната
По патот на трубадурите…
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.