Skip to content

Повторно за љубовта

Пишувам за љубовта, толку многу

При што  и самата се изгуби при умот

Со румени образи се скри зад видикот

Но што да чинам кога розев е погледот

Седнат на троножец со кафе на балконот

Пеам заедно со падот на првите снегулки

Дур брезите се тресат од студот

А, љубовта ме моли да престанам

Да и додевам

И пеам

И смеам

И велам

Откри се, време е за танцот на вљубените

Додека не паднат ќеиф снегулките

Па да обелат спомени и покријат чекори

На заљубените

На патниците низ денот џагор и ноќта утка

Дур гака за сите нас мечтатели на утрето

Повикувајќи ја љубовта од зад аголот

И повторно

Пеам

Се семам

И

Велам,

Не срами се,

Љубов, љубезно љубена

Напишете коментар