Стихови кои ги напишав како инспирација на песна од Тоше Проески „Ден за нас“.
Чуваш ли ти еден куфер со сни?
Чуваш ли ти еден куфер со сни,
малку сјај за утре,
една капка надеж
за подобро утре
за добра вечер
и магично утро?
Чуваш ли ти еден куфер со сни,
малку сјај за утре,
една капка надеж
дека ќе се будиме заедно?
Уживајте во песната која ја споделуваме како додаток на кратките стихови.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.