Како да ти кажам кога умирам,
сите места што во мене постојат,
бараат еден твој дел.
Ти, оаза на пеколот мој
Ти, постоиш, Каде?
Моите мисли ги бараат твоите тајни
и се враќаат скриени, празни.
Надеж ми го покренува животот во телото
Ти пловиш….Ти во крвта ми пловиш
и ме палиш…
Ти…..изгрев. Блескав на новите утра,
за тебе живеев!
Коси ми брануваш…од никаде ветрец.
Палавко еден….тебе ти се игра.
Од некаде смеа,
скокотливко в срце ми се слеа,
Ѓаволе, јави се
зар не гледаш умирам,
додека ти играш со мене.
Автор: Менче Кадинец