Skip to content

Поетско читање во чест на А. ден Долард

По повод 119 години од раѓањето на А. ден Долард (1901-1994), на 7 февруари 2020 година со почеток во 13. 00 часот во КИЦ „Култура 365“ во Охрид ќе се одржи поетско читање во чест на големиот холандски писател и вљубеник во Македонија.

Сите заинтересирани поети кои сакаат да се претстават со свои дела, можат да испратат три кратки песни по свој избор на адреса: [email protected]

Иако поминаа 25 години од неговата смрт, А. ден Долард и понатаму се смета за најголемиот промотор на Македонија во Кралството Холандија. Во периодот помеѓу 1931 и 1994 година тој објави бројни книги и новинарски статии коишто беа инспирирани од неговите посети на Македонија. Преку своите дела тој изврши големо влијание во воспоставувањето и развојот на холандско-македонските односи.

Повеќе за настанот на следниот линк:

Извор

Напишете коментар