Јас престанав да мислам дека постоиш.
Се разлеа во времето и остана таму да чмариш
Во маглините на просторот
Но добив порака,
Порака дека доаѓаш
Дека те пратиле ангелите
И не можев да поверувам
Дека си тука
Дека си пред мене
И те прегрнав толку силно
Што стана ангел
И ме облече во бело
И сега знам ангелите постојат
Засекогаш.
Посебно во нашите прегратки.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.