Дали во текот на некои животни ситуации имате чувство дека универзумот ви свртел грб? Понекогаш даровите на животот како да ни паѓаат од небо, сè оди според планот и сме задоволни, а понекогаш мислиме дека универзумот целосно нè заборавил. Колку и да не ја чувствуваме моќта на универзумот тој секогаш си ја работи својата работа и порачува – сè во свое време! Секој од нас посакува единствен живот по мерка или проблемите да се решат на одреден начин. Поради тоа се надеваме, се молиме и очекуваме дека сè ќе биде онака како што сме планирале. Меѓутоа, универзумот често не ни ги дава оние работи кои толку ги посакуваме. Зошто е тоа така?
Двете различни спротивности на истиот континуум
Запомнете тој не ги исполнува вистинските желби туку во вистински момент ни го дава она што ни е навистина потребно. Честопати она што го сакате и она што ви е навистина потребно може да бидат две целосно различни нешта. Исто така, понекогаш она што го сакате и не е баш најдобра опција за вас. Затоа дозволете му на универзумот да ви го даде она што ви е потребно. Тој најчесто дарува исцелителна енергија, нешто што целосно нè “закрепнува“ и обновува. Понекогаш едноставно треба да се опуштите и да ги оставите работите да течат по својот пат. Со своите постапки и зборови ја предизвикувате кармата и самите си го “блокирате“ успехот.
Важно е да се цели кон своите соништа и цели, но замислете што ќе се случи ако сите тие се остварат? Најверојатно ќе се чувствувате празно и нецелосно. Затоа исто така е важно секогаш на списокот со желби да додадете нови стремежи и амбиции. Тоа не значи дека треба да се пати и напорно да се работи за списокот со желби да биде целосно „исчистен“, туку понекогаш да се опуштите и да дозволите животот и универзумот да го направат она што е потребно. Наместо да бидете тажни поради работите што не ви се оствариле подобро научете да бидете благодарни за сè што имате. И за сè што ќе дојде во иднина ако му дозволите на универзумот да си ја работи својата работа.
Ова не значи дека треба да бидете пасивни посматрачи и да чекате да се случуваат чуда сами од себе туку дека треба цврсто да верувате во својата цел, во своите желби и да бидете силно убедени дека тие можат да се исполнат. Сè она што можете да го замислите – можете и да го остварите!
Прочитајте ги и мотивационите цитати коишто ќе ви помогнат во следењето на соништата.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.