1.Поезијата го подобрува вниманието кај децата
Децата треба да научат да читаат различни видови на текстови и песни во различни форми. Она што е важно и посебно кај поезијата е тоа што децата ја читаат и ја повторуваат на глас и тоа повеќе пати одеднаш. На тој начин, тие ги подобруваат своите вештини на слушање. Тие учат внимателно да ги следат зборовите што ги слушаат и почнуваат да размислуваат што значат тие зборови споени заедно.
2. Со поезијата децата истражуваат нов јазик и вокабулар
Поезијата често содржи зборови што се римуваат за да направи одреден ефект и на тој начин децата можат да научат повеќе за фонетиката и фонетските гласови од зборовите што се римуваат. Песната може да се користи за да се разберат полесно структурата на реченицата, граматичките правила и како истите може да се менуваат и да се прекршуваат во одредени околности.
Поезијата го збогатува вокабуларот. Децата се изложени на зборови што претходно не ги чуле и таму ги слушаат во одреден контекст и на тој начин полесно ги усвојуваат.
3. Поезијата ги инспирира децата да пишуваат
Преку поезијата децата учат за структурата на песната. Тоа е првиот чекор кој треба да го знаете пред да почнувате да пишувате поезија. Со поезијата, учат како да состават зборови за да формираат значење и контекст. Учат како да ги изберат вистинските зборови за да создадат слики и ефекти.
Децата ги разделуваат строфите на песните , а потоа учат како да ги спојат. Учат како да следат одредена шема и да постават зборови во одреден редослед. Некои песни имаат лесен и забавен образец за следење и во исто време се одлични примери за децата да започнат да учат да пишуваат.
4. Го охрабрува креативно размислување
Поезијата е форма на изразување. Пишувањето ни овозможува да ги искористиме нашите чувства и мисли на некоја тема додека ја читаме, нè поттикнува да ги поврземе и да најдеме смисла во нашите искуства.
Поезијата може да има позитивно влијание врз социјалното и емоционалното учење на децата. Може да понуди нов начин за тоа како нешто децата го разбираат и сфаќаат. Децата може да ги пренесат оние работи на хартија кои можеби не знаат како да ги изразат на поинаков начин. Поезијата ги охрабрува децата да се изразат себеси и своите чувства.
5. Ја всадува љубовта кон читањето
Додека децата учат да читаат треба да бидат изложени на различни видови на пишуван текст , а поезијата се разликува од детските прозни дела кои ги читаат. Таа им овозможува да имаат увид во нов свет и нови искуства. Таа е еден волшебен и необичен свет полн со забава и смеа. Затоа, читајте им поезија на децата!
6. Помага во подобрување на меморијата
Кога учениците учат песна на памет и ја рецитираат, тие ја поврзуваат меморијата со аудио- визуелни настани, со што ја развиваат вештината паметење.
Придобивките не завршуваат овде. Кога учите напамет, станувате подобри во учењето на странски јазици, читањето и математиката.
7. Децата се здобиваат со поголема самодоверба
И на крај и се разбира од голема важност е тоа што со рецитацијата, децата се здобиваат со поголема самодоверба во јавни говори.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.