Денешниот живот е побрз отколку никогаш, а за да опстанеме и успешно да ги извршиме работните задачи треба да бидеме добро организирани. Многу важно е исто така да учиме нови информации. Ако ова изгледа напорно постојат неколку „трикови“ кои ќе ви помогнат во краток рок да ги усовршите сите потребни вештини.
1. Фокусирајте се само 50 минути или помалку
Ако имате премногу работа и многу работите, па дури и прекувремено или останувате будни до доцна во ноќта, запрете малку. Истражувањата покажуваат дека нашиот мозок забавува многу побрзо од вообичаено ако е подложен на оптоварување. „Секое впивање информации што трае повеќе од 50 минути е премногу за мозокот да ги усвои сите“. Значи, ако се впуштите во процес на учење немојте да претерувате со времето што го поминувате пред компјутер или книга/учебник.
2. Размер 80/20
Вилфредо Парето, италијански економист на крајот од 19 век го препознал односот во кој 20% од населението во Италија имало сопствеништво од 80% земја. Подоцна тоа е претворено во закон на однос на моќта во разни дејности. Овој размер денес е важен и за побрзо учење, а го популаризирал Тим Ферис. Фокусирајте се на 20% на најважните информации кои всушност ќе покријат 80% од сè што треба да знаете. Затоа, ако учите странски јазик прво научете ги оние 20% зборови кои се употребуваат 80% од времето.
3. Заборавете на мултитаскинг
Нашиот мозок е како компјутер – ако има повеќе отворени страници ќе му се забави работата. Затоа, ако правите повеќе работи истовремено, па притоа и да сте премногу вешти, едноставно не можете на секоја целосно да ѝ се посветите. А, ако нешто ви одземе внимание ќе ви бидат потребно околу 25 минути за повторно да му се посветите. Исклучете го вашиот мобилен додека учите или извршувате некоја задача бидејќи токму тој мултитаскинг го забавува процесот на учење и ја спречува ефикасната работа на мозокот.
4. Сменете го методот на учење
Процесот на присетување на наученото и модификување на начините на кои се усвојуваат нови знаења игра клучна улога во јакнење на вештините и учењето. Затоа, ако при секое учење применувате малку поинаков начин на усвојување знаења, еднаш на пример со помош на картички, друг пат со слушање, мозокот многу побрзо и полесно ќе ги прими новите информации.
5. Учете од најдобрите
Ако ги послушате луѓето кои тој процес на учење веќе го поминале и усвоиле вештини кои и вие треба да ги совладате, применете ги нивните добри совети. Искористите ги Јутјуб или Скајп и комуницирајте со професионалци кои ќе можат да ви помогнат.
6. Пишувајте белешки на „старомоден“ начин
Пишување белешки рачно доведува до активно слушање и препознавање најважни информации. Ако ги пишувате на компјутер не ги усвојувате толку брзо и лесно како оние кои ги пишувате на „старомоден“ начин, а освен тоа екранот го одзема и фокусот. Земете лист и хартија, запишете ги клучните зборови и пократки реченици, само тоа што е најважно и во пократок рок ќе добиете повеќе информации отколку ако користите компјутер.
7. Подгответе се за подолга игра
Кога нема време, пари или мотивација тешко е да се усвојуваат нови знаења. Затоа подгответе се навреме. Тоа не е кратка трка, учењето е доживотен процес кој бара маратонско трчање и долг период. А, само упорните успеваат.
Прочитајте и кои се навиките на продуктивните луѓе.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.