Психолошко катче Совети

5 навики на луѓето што секогаш имаат време за себе

Во денешно време знаеме колку е тешко да се најде повеќе слободно време коешто ќе си го посветиме само на себеси. Со ваквиот стресен и забрзан модереден начин на живот за здава психа многу е важно да се одвои време коешто ќе биде само наше. Иако тоа може да изгледа невозможно, некои навики можат конечно да ви го овозможат токму посакуваното – време за себе. Прочитајте во продолжение кои се тие 5 навики што ги негуваат луѓето кои секогаш имаат време за себе. Можеби веќе имате некоја од нив, а некоја ќе сакате да ја воведите во вашиот распоред.

1. Се будат порано

Колку и да изгледа тешко со оглед дека секако мораме да се будиме порано – разбудете се барем половина час пред да се разбудат домашните и пред обврските. Ова ќе ви овозможи времето да го искористите само за себе. Дури и ако само седите и пиете кафе неразмислувајќи за ништо или размислувајќи за денот што е пред вас, ова е одличен начин да го испразните мозокот, да уживате во моментите на тишина и во мир да го испланирате денот.

2. Поставуваат граници на работа

Луѓето што стигнуват да завршат сè ја затвораат вратата од канцеларија или ставаат слушалки ако работат во канцеларија со многу луѓе. Така на работното место можат целосно да се посветат на своите работни задачи и да ги исполнат обврските. Покрај тоа што денска е модерно да се зборува за „мултитаскинг“, тој всушност не фунцконира онака како што ние би сакале. Ако правиме повеќе работи одеднаш тоа всушност значи дека сè ќе биде извршено површно, а ќе потрошиме повеќе време отколку кога ги правиме нештата редоследно (една задача по една).

3. Ја користат паузата за ручек надвор од објектот

Иако сметаме дека ручекот пред компјутер или некаде помеѓу работата нè прави попродуктивни, всушност е спротивно. Ова е идеална прилика да одвоите време за себе и да се одморите. Од исклучителна важност е и поради тоа што ќе бидете сосредоточени на она што го јадете – ќе изедете помалку, поздраво и подолго ќе бидете сити.

4. На пауза не трошат повеќе од 5 минути на интернет

Без оглед на тоа дали можете да издвоите само 15 минути до половина час за вашите интереси тоа време е важно бидејќи тогаш целосно се исклучувате и се посветувате на она што ве исполнува. Можете да се исклучите и со вежбање, цртање, читање, само немојте тоа време да го користите за прегледување објави на социјални мрежи на мобилниот телефон бидејќи така нема да се одморите.

5. Склучуваат договор сами со себе

Да се договорите за нешто самите со себе е подеднакво тешко колку што е и лесно. Додека е лесно да се испланира кое време сакате да биде само ваше подеднакво тешко ќе биде да го издвоите за целосно да се посветите себеси. Планирајте помалку, 15 минутна прошетка или 10 минути потрошени на медитација, тргнете се од екраните и уживајте во зеленилото во паркот. Договорете се и дека не смеете да ги прекршувате плановите што сте ги склучиле со себеси.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје