Денес го објавувамe преводот на стиховиве со наслов „Чекање“ од Јован Дучиќ.
Чекање
Ќе дојде и мигот последен и свет,
Кога еднаш мирно ќе чекаме,
Ќе си речеме еден на друг: веќе е време за умирање
Како што се вели: веќе е време за дома.
Во празен хоризонт гледајќи тогаш,
На работа каде мракот и светлината се делат,
Ќе замрзне мирно солзата на последниот јад,
Јадот што никогаш, никогаш не се сретнавме –
Во сончеви утра барајќи се еден со друг
Покрај зелената река или ноќта кога броди
И додека месечината неподвижно, долго
Лежи ладна, бела на заспаната вода.
Додека приоѓа часот за враќање на светот,
Уморни, таа средба чекајќи ја вечно,
Кога ќе речеме: веќе е време за умирање
Како што се вели: веќе е време за дома.
Превод од српски: Наталија Наумовска
Јован Дучиќ (15 февруари 1874 – 7 април 1943) — српски и југословенски писател, поет и дипломат. Еден од најзначајните поети на српскиот модернизам и најзначаен лиричар. Бил еден од основачите на Народна одбрана, национална невладина организација во Кралството Србија. Дучиќ спаѓа во ретките српски поети кои веднаш по појавувањето на книжевната сцена стекнале симпатии како кај публиката така и кај критиката. Како резултат на тоа, уште додека бил жив, тој бил наречен „кнез на поетите“, а со текот на времето неговата слава уште повеќе се зголемила. Мисловните, љубовните и патриотските песни на Дучиќ се пример на врвно мајсторство во градењето на стихот и во обликувањето на поетскиот јазик. Уметничките домети на неговото творештво успеале да ги издржат сите преиспитувања и останале како трајни вредности на српската култура. Тој станал класик на српската книжевност и творечка парадигма за која се изрекуваат важни естетски, етички и идеолошки судови.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.