Суеверие

Дванаесет се беа насобрале да го јадат твоето тело

А ти беше лебот

Од кој денес јадеме без да знаеме дека ти си нашиот живот

Тој петок кога еден беше посочен како издајник

На кој денес само се потсетуваме без да се покаеме

Не, не го сакаме овој петок тринаесетти

Зошто ти беше предаден

А ние денес секај ден толку често ја пиеме твојата крв

Те продаваме

Денес сѐ е на продажба

Дури и вербата

Дури и стравот

Дури и твојата крв.

Ќе не измие ли?

Ќе ги исчисти ли нашите души

Продадени толку лесно како

И твојата?

Црвјосани од злато што сјае

А никој не се кае.

Овој петок верувам во божјо чудо

И дали е ова само суеверие и дали е само лудо?

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?