Skip to content

Бесплатни е-книги од новата апликација на издавачот „Три“

За време на моменталната ситуација во овој период на карантин или изолација кога се препорачува седење во домовите и да се практикува социјално дистанцирање, издавачкиот центар „Три“ пред време ја става во функција нивната нова специјализирана апликација за читање електронски книги – Kniga.mk, изработена со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој. Ова е убав нивен гест што излегуваат во пресрет на читателите, и покажуваат дека се грижат за нивните читатели. И е навистина за поздрав.

Kniga.mk е мобилна апликација достапна за iOs и андроид- корисници, та содржи голема база на е-книги, изданија на „ТРИ“ и „Паблишер“, и истите се достапни за купување и прелистување на сите уреди, а овозможува одлично читачко искуство.
Со ова, книгите ќе бидат достапни во сечиј дом и во секое време. За сите корисници во промотивниот период, од „Три“ издвоија 20 бесплатни ексклузивни изданија од нивната продукција. Во моментов бесплатно можат да се симнат книги од домашни автори, „Припитомување на кучката“ од Венко Андоновски, „Луна“ од Винка Саздова, „Облечен човек“ од Игор Џамбазов, „Ехо на слободата“ од Ана Јовковска, „Никој не рече дека ќе биде лесно“ од Коста Петров, „Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска-Георгиева и други преводни изданија ќе бидат достапни за сите што ќе ја симнат и користат апликацијата Kniga.mk во App Store и Google Play.

Напишете коментар