Среќата е вродена човечка емоција со која се запознавме во првите години од нашите животи. Таа има универзално значење и сите ја доживуваат и чувствуваат на ист начин. Нејзините манифестации може да се разликуваат од човек до човек, како и степенот на нејзината присутност. Ние луѓето се претворивме во трагачи по нејзе, изјавуваме дека е во малите нешта, а кога искрено ќе се запрашаме „Дали сум среќен?“, одговорот на ова прашање може и да збуни бидејќи често и не знаеме дали тоа што го чувствуваме може да се нарече среќа. По повод интернационалниот ден на среќата следниве цитати ги споделуваме на блог. Прочитајте ги!
1. „Среќата и несреќата се кријат во нашиот однос кон случувањата, никогаш во природата на самите случувања.“
2. „Кога си среќен и сонцето трча по тебе.“
3. „Оној кој мисли дека е среќен е навистина среќен.“
4. „Кога сме среќни, секогаш сме добри, но кога сме добри не сме секогаш среќни.“
5. „Денот без насмевка е изгубен ден.“
6. „Среќата е единствената работа која се множи кога се дели.“
7. „Не зависи од тебе дали сакаш да бидеш богат, но зависи од тебе дали сакаш да си среќен.“
8. „И скромната среќа исто така е среќа. Подобра е и колибата од слама во која се слушаат насмевки од срце, отколку палата од мермер во која сите плачат!“
9. „Среќата на секој му се прикажува според неговите сфаќања.“
10. „Не постои пат до среќата, патот е среќа.“
11. „Она што нам најнепосредно нѐ усреќува е ведрината на умот. Оваа особина е сама по себе награда. Затоа вреди да го ставите развивањето на ведрината во себе пред сите други стремежи.“
12. „Ако живтот ми ги скрати крилјата, и снегот почне да ми вее во очите, барем нема да се покаам што умеев да се смеам.“
13. „Кој има среќа, нема потреба од разум, кој има разум има потреба од среќа.“
14. „Подобро е да си среќен одошто паметен.“
15. „Кој никогаш не сакал, никогаш не бил среќен.“
16. „Среќен е оној човек кому му оди од рака живеењето во сегашноста.“
17. „Ако некогаш јурејќи кон среќата ја пронајдете, вие ќе бидете исто како бабата која ги барала очилата, ќе откриете дека среќата цело време ви била на носот.“
18. „Птиците и цвеќињата се посреќни од човечките суштества бидејќи не знаат ништо за иднината, немаат никакви зборови во својата глава, не чувствуваат никаков страв од тоа што сличните на нив може да мислат за нив. Затоа, не плашете се за утре бидејќи тоа утре ќе мисли за себе.“
19. „Среќата во овој живот зависи помалку од тоа што ви се случува, а повеќе од начинот на кој тоа го прифаќате.“
20. „Мораш да се привикнеш и на малку тага во животот. Нема да знаеш што е вистинска среќа, доколку немаш со што да ја споредиш.“
21. „Најди време за пријателство, тоа е патот до среќата.“
22. „Постојат два видови на среќа. Телесна среќа и душевна среќа. Помеѓу овие две среќи, поголема е душевната среќа.“
23. „Сјајот на топлите мисли ми вреди повеќе од парите. Среќата не доаѓа со богатството и раскошот, туку со смиреноста и трудот.“
24. „Успех е да го добиеме она што го сакаме. Среќа е да го сакаме тоа што го добиваме.“
25. „Среќата ја одредува состојбата на нашиот дух, а не случувањата.“
26. „Среќниот човек е како сонце: каде оди сѐ осветлува.“
27. „Најсигурниот начин да не постанеш премногу несреќен е да не бараш да бидеш премногу среќен.“
28. „Твојата моќ е пропорционална со способноста да уживаш.“
29. „Колку луѓето имаат поголеми услови за среќа, толку се понесреќни.“
30. „Кој има среќа не му треба ништо друго.“
31. „Никогаш не дозволувај да сретнеш некого кој по вашата средба нема да биде среќен.“
32. „Само оној кој е среќен може да шири среќа околу себе.“
33. „Кој има среќа во карти, нема во љубовта. Да, а ако немате среќа во љубовта, немате среќа во ништо.“
34. „Малата надеж носи голема среќа. Додека големата надеж носи уште поголемо разочарување.“
35. „Здравјето ги надминува сите можни богатства на светот, така што здравиот просјак е посреќен од болниот крал.“
36. „Среќата не е случајна, а не е ни нешто што треба да го посакуваме. Среќата е нешто што сами го создаваме.“
37. „Има луѓе кои повеќе се радуваат на туѓата несреќа, отколку на сопствената среќа.“
38. „Среќата е смислата на животот, целта и крајот на човековото постоење.“
Можеби ќе сакате да ги прочитате и следниве мисли за цвеќињата што ќе ве разнежнат.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.