Времето лекува,
но срцето не заборава
она што е врежано длабоко
може да боли горко.
Времето лекува,
но спомените остануваат
и ќе се престори во минато
сѐ што било поминато.
Времето лекува,
но душата не закрепнува
само станува посилна и јака
без оглед колку и било мака.
Времето лекува,
но зборовите се паметат
она што ќе се каже гласно
не се брише да бидеме на јасно.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.