Ризикот од стрес, страв и паника се зголемува во доба на пандемија.
Поради тоа е многу важно да се користат позитивни алатки за да се зачува оптимизмот, вербата и позитивната енергија. Еден од тие магични алатки кои делуваат фантастично на свеста се позитивните афирмации.
Кога би можело (а може) да се одвои многу малку време во кое ќе можат следниве афирмации да се повторуваат во себе или на глас би било одлично.
1. Ме мотивира здравата исхрана и редовното вежбање. Пред мене е здрав и долг живот.
2. Верувам дека имам добро здравје и дека моето тело може да прави моќни работи.
3. Го негувам мирот во умот, срцето и телото, и често искажувам радост и благодарност што имам здрав животен стил.
4. Уверен/а сум дека моето тело е заштитено со секоја нова здрава навика.
5. Ќе бидам пример за моето семејство, за зачувување на здравјето и силна кондиција, а на другите ќе им помогнам да видат и да сфатат дека здравјето е најголемото животно богатство.
6. Се трудам да водам здрав начин на живот во сè што правам и се трудам да бидам витален и долговечен.
7. Одлучувам да јадам само намирници кои на моето тело му пружаат оптимални хранливи материи.
8. Сите околу мене ме поддржуваат и моите животни напори и сакаат да ми помогнат да успеам.
9. Секој хранлив и здрав оброк кој го јадам ќе ми го продолжи животот.
10. Среќен/на сум што сум пример за здравје и среќа.
11. Од ден во ден станувам поздрав, посилен и посреќен, и секогаш ќе барам среќа и здравје.
12. Мојот ум, тело и дух работат заедно за да ми пружат здравје и радост.
13. Јадам само храна која допринесува за моето здравје и на моето тело му дава енергија.
14. Сакам да вежбам секојдневно и да гледам како таа навика ми го подобрува животот.
15. Природно уживам во изборот на здрава храна во мојата исхрана.
16. Имам отпорни бели дробови кои на моето тело му овозможуваат свеж кислород и силно, здраво срце низ кое непрекинато циркулира крвта што му е потребна на моето тело.
17. Луѓето сакаат да бидат околу мене поради моето здравје и радост.
18. Ќе вежбам за да му овозможам издржливост на своето тело и да му дадам сила на срцето, а моите здрави навики ќе ми овозможат повеќе мир и опуштеност во животот.
19. Здрав/а сум во секој аспект од својот живот: Мојот ум е позитивен и здрав, а телото силно.
20. Ќе создадам рутина за вежбање која ќе ми овозможи константно да го подобрам своето физичко здравје.
21. Јас сум во хармонија со себе и своето тело. Моите мисли се смирени и позитивно насочени.
22. Нема простор за каење, паника и страв. Сè ќе биде во најдобар ред. Силно верувам во тоа.
23. Имам сила да издржам сè и да се прилагодам на сите услови. Моќта е во мене и во моите одлуки.
24. Одлучувам да бидам позитивен и со оптимизам да ги примам сите информации. Лошите вести се трудам да ги слушам најмалку.
25. Одбирам да бидам спокоен и да се штитам себеси, своето здравје и истовремено здравјето на моите најблиски.
26. Го сакам животот дури и во вонредни услови. Ништо не може да го спречи тоа.
27. Отпорен/на сум на болести. Дури и ако се разболам, ќе дадам сè од себе да ја победам секоја болест.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.