Бодлер е роден во Париз на 9 април 1821 година, во куќата на аголот од улицата Отфеј и булеварот Сен Жермен, како син на Франсоа Бодлер и Каролина со моминско презиме Аршанбо-Дефаи. Поезијата на Бодлер е тажна историја на оние заблуди со кои бил полн неговиот живот. Тоа е историја за неостварениот стремеж кон идеалот, на одвратните слики на падот и на страшните маки во моментите кога ќе се појавела свеста. Во негова чест објавуваме негова поема.
Хармонија на вечерта
Во овој миг врз своето стебленце се вие
секој цвет и кади како кадилница в поле;
во танцот на мирисите, и звуците волен,
таговен копнеж и покрај сета страст е скриен!
Секој цвет кади небаре кадилница в поле;
во виолината сега едно срце бие
таговен копнеж и покрај сета страс е скриен.
Небото е убаво како олтар златен, голем.
Во виолината сега една срце бие,
а него го демне понор; тој црн е и зол е!
Небото е убаво како олтар златен, голем;
сонцето во својата крв згрутчена се мие.
Срцето го демне понор; тој црн е и зол е,
но светло минато сепак во срцето спие!
Сонцето во својата крв згрутчена се мие…
Твојот спомен во мене полн со блесок и бол е!
Извадок од „Цвеќињата на злото“
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.