Skip to content

Воскресение

Денот наликуваше на обичен
Но надвор пееја само птиците
Се растреперија зелените лисја
На блискиот даб
Се развеселија на цвркотот весел
Се разиграа пролетно оро
Ги раширија своите крилја
Го наговестија твоето доаѓање
А ти си повеќе од човек
И никој не знае за твоето доаѓање
Но, тие насетуваат
Страв
Од твојата големина
Смрт
На сѐ она што поминало проречено
И воскресение
На сѐ што довек ќе биде речено.

Напишете коментар