Јас сум ветар, кревам прав,
зар не ви е, деца, страв?
Ту сум дете како вас,
дувам кроце секој час.
Ту ќе станам момче итро,
ќе заиграм оро ситно,
пискам како лута змија,
ко фортуна страшна вијам.
Затворете, прозор, врата
оти деца, ќе ве фатам!
Јас сум ветар, кревам прав,
зар не ви е, деца, страв?
Јован Јовановиќ-Змај
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.