Skip to content

Нова е-книга „Калдрма“ објавена по повод Светскиот ден на книгата и авторските права

По повод Светскиот ден на книгата и авторските права денеска излезе најновата е-книга насловена „Калдрма“ – Избор од творештво за деца. По иницијатива на м-р Љупка Стојменова од Кочани, професор по македонски јазик и претседател на Здруението за култура, наука и општествени дејности „Стари поток“ од Кочани, објавена е електронската книга „Калдрма од творештво за деца“ во која се застапени песни и раскази за деца од следниве автори: Лила Арсова, Ленче Стојменова, Ленче Китанова, Славица Цветкова, Наташа Брезовска Богоевска, Љубинка Донева, Атанас Крлевски, Ружа Стојмилова, Јане Атанасов, Филип Димкоски, Снежана Паноска, Славица Урумова Марковска, Гордана Угриновска, Мирјанка Р. Селчанец, Милица Паулус, Милка Накова, Анета Велковска, Благица Кузамновска, Ана Велјаноска, Вера Андон и Наум Попески од Македонија, Власта Н. Цениќ, Милоје Радовиќ и Жикица Димитриевиќ од Србија, Ана Багрјана од Украина, Димитар Никленов од Бугарија, Сретен Вујовиќ од Црна Гора и Сафета Осмичиќ од Холандија и Наде Ефремова од Германија.

Идејата била започната од страна на Љупка Стојменова токму на втори април кога се одбележува Светскиот ден на литературата за деца и во меѓувреме се собрале авторите на едно место, биле направени преводи и препеви таму каде што било потребно, се оформила корица и се добила оваа симпатична книга за деца за која се надеваме дека ќе доживее и свое печатено издание.

Предвечерие на 2 Април. Време во невреме. Затворени училишта, библиотеки, откажани културни манифестации… А требаше да се одржат многу. Па, нели е 2 Април –Меѓународен ден на книгата за деца. Се откажаа средби со писатели, промоции на книги, се откажаа литературни читања… А во вакво (не)време не смеат да се заборават децата, нивната желба за читање, желбата да се нурнат во стиховите, во зборовите испреплетени со необичност, магија, фантазија, кои ќе ги понесат во светот на детските желби, мечти, соништа. Во вакви моменти магијата на зборот им е потребна не само на децата, туку и на возрасните.

стои во предговорот во книгата

На следниот линк имате пристап до е-книгата, таа е достапна за сите!

https://www.dropbox.com/s/g6sdd22scnb0b2p/KALDRMA.pdf?dl=0&fbclid=IwAR0_Ykpj6g2OqlrdETCkw_hvXKN_W1fHRmJD4ZmpL5xlM7O71hIrefJn5RI
е-книга

Напишете коментар