Во паркот, таму во агол под месечина
Клупите сѐ уште шепотат за нас
Крај тоа езерце кое муза беше за мене
Ластовици ги пренесуваа бакнежите мои
Ги носеа низ ветрецот летен кон тебе
Седната под дрво на островчето, осамено
Ти ми беше бол, ти ми беше лек
Ти беше сѐ, без кое не можев да го најдам патот
Патот до месечината и назад
Уште ми фалиш ко кафеана на боем
Ко душа на болен, починат за љубов
Во паркот, таму во агол под месечина
Скакулците сѐ уште мелодијата ја изведуваат маестрално
Сетне тажно…
Онаа, нашата на која за прв пат душите се споија
Ти си далеку, некаде преку острови и мориња
Кај што морнари пловат помеѓу поемите
Напишани за тебе…
Уште ми фалиш, ми фалат и тие очи сини
Како гитара што фали на маријачи
Ми фалиш како канцона на Осана
Дур се тешам со црвена чаша
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.