Нетрпеливост владее во мене…
Предолго копнеев да се случат
многу нешта.
Да зачекорам поведро,
но, ете, се изморив чекајќи…
Можеби не бев доволно трпелива,
а можеби бев и премногу трпелива,
па сега имам изблик на нетрпеливост.
Како и да е, чувството е тука,
ме обзема, ме растргнува,
не можам, а можеби и не сакам
да дадам отпор…
Потоа се смирувам,
погледнувам околу себе и сфаќам
дека има многу прекрасни нешта,
кои ме бодрат да продолжам
по неизвесната патека на животот.
Автор: Елеонора Николовска