Skip to content

Арабија

Имаш остар мирис како јасминот

Тој дар Бог што толку го сакаат на југ

Во земјата на сладкиот чај преточена на јазичните папили

Имаш мирис на цвет што цути во зима

На белина која не е јалова

На чистина почиста од снегот кој не го познаваш

Твоите молитви значат дожд

Твоите приказни секогаш се полни со сомнеж

Твоите песни се опеани во прашливите оази

Каде танцуваат очите полни жар

Под превезот на ноќта

И никој не може да го изгасне

Твојот оган

Кој тлее во срцевината  на одмаздата.

Напишете коментар