Skip to content

Животот се гаси пред мене – Никола Миланоски

  • by

07.04.2020

Истоштен
легнат во постела
без никој покрај мене
размислувам за себеси
можеше ли поинаку
можеше ли среќно
не ќе остане ништо после мене
ќе се угасне и мојата свеќа
догорувам
а ќе нема кој за мене да спомне
солзи ми течат
по збрчканото лице
години ли се години
проклето поминати
и лебот како горчлив да ми беше
водата како отров
сам
без ниеден мил збор
без прегратка
без нежност
ниту детски насмевки
да им се израдувам
ништо
празнина целосна
бела книга
животот ми се гаси
смртта доаѓа од суровиот живот
да ме спаси
светлоста на денот се повлекува
земјата црна ме дочекува
таа ќе ме прегрне
кога никој љубов во животов
не ми даде.

Напишете коментар