Ти,
кој со твојата невина насмевка срцето ми го полниш,
ти
Единствено ти ми даваш волја за живот.
Сонце има во твојте крупни очи,
очи кои мојава душа ја топлат.
Ајде подај ми ги рачињата
или како твојата прабаба милува да каже ,,китките”.
Ајде подај ми ги китките миличко
и стегни цврсто, силно, најсилно.
Моите раце –
твоја потпора,
твоја сигурност,
твоја поддршка.
Твоите раце-
мој елан,
моја љубов.
Кои ли сказни да ти ги прочитам,
кои ли песни да ти ги испеам?
Ајде заедно да сонуваме:
витези, принцези, кралеви,
мачиња што говорат,
зајачиња што играат,
шарени светови
и подобри денови.
Миличко, за тебе зборувам.
Алови обравчиња ко јаболчиња,
Очи како бадемчиња,
Срце невино и со големина на универзум,
Искреност во секое движење,
Филигран скапоцен.