Раскошна е твојата убавина
сончевина внела во мојата срцевина,
но ти си како планински врв кој тешко се освојува
и ти си таа пред која снагава се покорува.
Твојата близина прави душава со
спокој да се напојува,
за тебе со голи раце со најсилни војски вреди да се завојува.
Да си тука и во мракот
сонце ќе ми изгрејува,
да си тука и на ликот постојано
насмевка ќе ми отсјајува.
22.05 2020
Автор: Никола Миланоски