На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето, во која се нагласува дека сите деца имаат права кои произлегуваат од оваа Конвенција, без оглед на тоа кои се, каде живеат, што им работат родителите, дали се сиромашни или богати, на кој јазик зборуваат, на која религија или култура ѝ припаѓаат, дали имаат некоја попреченост или инвалидитет.
„Одбележувањето на Светскиот ден на детето ќе овозможи да се слушне гласот на децата и тие да укажат на најголемите предизвици со кои се соочуваат. Кренете го гласот и помогнете за да се спасат детски животи; помогнете им на децата да се борат за своите права и да го остварат својот потенцијал“, се вели во пораката што УНИЦЕФ ја исппратил до Македонија.
Потребата од заштита на правата на децата произлегува од фактот дека тие претставуваат високо ранлива општествена група која лесно може да биде изложена на злоупотреба и насилство. Во согласност со ООН, децата се изложени на насилство, експлоатација, виктимизација од страна на возрасните секојдневно, но и на глад, болести и недостаток на социоекономски услови за здрав и активен живот во државите кои се сметаат за сиромашни или пак за држави во развој.
Конвенцијата за правата на детето – важен цивилизациски исчекор и клучен документ
Обединетите нации во 1989 година ја усвоија Конвенцијата за правата на детето и со тоа заштитата на децата на меѓународно ниво го доби најзначајниот акт за заштитата на децата како документ кој има најголем број ратификации од државите, декларирajќи ја цврсто изразената волја за подобрување на правата на децата, осoбено изразени со конвенциските одредби за заштита на правата и можноста за партиципација во активности, како и воведување на минимум стандарди за здравствена заштита, образование и социјална заштита.
Текстот делумно е преземен од оваа статија.
Во продолжние прочитајте ја песничката за деца.
Со децата поубав е светот – Наталија Наумовска
Ние сме деца ведри, весели и среќни,
во нашата природа е да бидеме моќни.
Почнуваме од нула и со чекори мали,
тоа го правиме бидејќи сме многу смели.
Ние сме деца понекогаш лути, бесни и тажни,
но во животот на нашите родители сме им најважни.
Ние сме деца брзи, палави и смешни,
но нашите мисли се чисти и безгрешни,
сакаме детската смеа насекаде да се слуша
и да ја гали сечија топла душа.
Ние сме деца различни, но сепак исти,
сите имаме потреби слични,
на училиште сакаме да сме одлични,
а во желбите сме јасни и одлучни.
Сакаме светот поубав да биде,
нашето присуство промена да даде,
сакаме мир, љубов и хармонија,
зарем тоа е тешка филозофија?
Ние сме деца љубопитни, вредни и умни
но, некогаш не можеме да ги разбереме
возрасните кои се големи и чудни.
Ајде деца сите заедно да викнеме на цел глас,
во нашата сила и иднина
светот ќе го најде потребниот спас!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.