Волт Витман – највлијателниот американски поет

Американскиот поет Волт Витман (31 мај 1819, Вест Хилс, Њујорк, САД – 26 март 1892, Камден, Њу Џерси, САД) е роден на 31 мај, кој бил воедно и есеист, новинар и хуманист. Tој беше дел од транзицијата меѓу трансцендентализмот и реализмот, вклучувајќи елементи од двете правци во неговите дела. Витман е меѓу највлијателните поети во Американскиот канон и често се нарекува татко на слободниот стих.

Тој бил многу контроверзен за своето време, особено неговата збирка Лисја од трева, која била сметана за непристојна поради неговата отворена хомосексуалност. Почетоците на книжевното творештво на Витман датираат од периодот 1841-1845, кога започнал да објавува кратки раскази во разни списанија, а објавил и еден роман, но сите тие дела немаат поголема вредност.

Во 1855 година се појавила неговата поетска збирка „Лисја трева“ (Leaves of Grass), објавена анонимно (само внатре, во некои песни се споменува неговото име). Подоцна, во текот на целиот живот, Витман неколкупати ја објавувал истата збирка, дополнувајќи ја со нови стихови и песни, исфрлајќи некои од постојните или менувајќи го нивниот редослед.

Поетското творештво на Витман било под големо влијание на книжевниот и филозофски правец наречен трансцендентализам, создаден во првата половина на 19 век, во САД. Особено, тој бил инспириран од големиот американски поет, Ралф Валдо Емерсон и неговата визија за нов стил кој би бил во согласност со специфичностите на Америка. Оттука, Витман ја напуштил традиционалната поетска форма, преземена од англиската поезија и ја укинал границата меѓу поетскиот и секојдневниот јазик. На тој начин раскрстил со конвенционалниот ритам и метрика и создал експериментален стих (долг, без рима без правилен ритам).

Творештвото на Витман

Кога се зборува за творештвото на Витман, особено се нагласува улогата на Витман во изградбата на автентичната американска поезија, истакнувајќи дека тој ја потврдил „декларацијата на интелектуалната независност“. Поет кој претставува симбол на „личноста на Американецот“, синтеза на „сите највисоки особини“ на Американецот и кој „ќе го доврши неговиот развој онака како што му одговара на неговото битие“. Поет кој „го создаваше американизмот којшто потоа го создаде идеалното човештво“ итн.

Денес, Витман се смета за највлијателниот американски поет, кој имал многу следбеници од кои голем дел претставуваат само негови бледи копии. Притоа, имајќи ја предвид разновидноста на неговото дело, многу често, делови од неговите гледишта и ставови биле прифаќани и присвојувани од најразлични идеолошки движења, од крајно левичарските до крајно десничарските. Влијанието на Витман во развојот на поезијата било огромно, почнувајќи од Рембо до Штадлер; Жид воопшто не криел дека учел од него; а Брехт го споменувал Витмен на рамна нога со Хомер.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?