Го пронајде мирот.
Мирот кој ѝ беше најпотребен
конечно се всели во неа.
Кога чекореше,
како времето да запираше,
со лесни чекори
ја милуваше земјата
крадејќи погледи
од сите гладни очи,
кои сакаа да гледаат убавини.
Го пронајде тоа што го бараше.
Нејзиното навидум диво срце
сега беше скротено,
небаре беше питомо маче
кое престанало да гребе со шепите
кога сака да се мази
или кога е гладно.
Можеше да биде сè што ќе посака,
да го исполни ветеното,
да не го погази сопствениот збор,
да допре до длабочините на твојата душа,
тивко и ненаметливо да ти се насели во срцето,
да направи да не можеш без неа,
да ти ги окупира мислите,
да сакаш да биде секогаш покрај тебе,
да ти биде криво кога не е до тебе,
да те вивне до облаци,
но и да те спушти на земја,
да ти биде најголема поддршка,
но можеше и да те расплаче,
а ти, ти само ќе посакаш да ја имаш,
или ќе си речеш „фала му на Бога, моја е!“
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.