Постојано се предизвикуваше себеси,
се натпреваруваше со најсилниот противник,
споредувајќи се единствено со „старата јас“,
напредуваше само кога сакаше да биде подобра,
денес подобра од вчера,
а утре подобра од денес.
Тоа беше нејзина филозофија,
љубовта ѝ беше идеологија,
трагањето по среќа опсесија…
Постојано се прашуваше една иста работа,
растргната помеѓу сонот и јавето,
со илјадници прашања
чии одоговори можеби и не сакаше да ги знае,
растргната помеѓу денес и утре,
сакаше да живее „сега и овде“
небаре тоа беше клучот за среќа,
сакаше многу работи да постигне,
сакаше многу работи да му каже,
сакаше многу работи да преќути,
а којзнае и дали вредеше да се помислат,
сакаше многу работи да не ги сакаше,
сакаше многу,
сакаше чисто и безрезервно
и очекуваше таква љубов назад,
сакаше безусловно и детски,
со наивност и добрина,
сакаше женски и храбро,
заштитнички и верно,
сакаше со посветеност
и со внимание,
сакаше херојски и гордо,
сакаше едноставно,
а некогаш комплицирано,
сакаше среќа
и го сакаше него
кој беше една од причините
за нејзината среќа,
убаво ѝ рече еднаш еден:
„Среќен ќе биде оној кој ќе го сакаш“.
А нејзе ѝ беше важно
тој што ќе го сака
да биде горд што ја има покрај себе.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.