Во чест на денот на раѓањето на руската писателка Ана Ахматова ја преведов оваа нејзина кратка песна.
Пат
По прав пат еден оди,
А друг по круг
Да се врати во родниот дом,
Другарка или другар
А јас одам (Мене ме следи
Некоја судбина злобна)
Ниту право, ниту косо,
Во ништо и нигде
Како возот кога од шините
Ќе го одвлече длабочината.
Ана Андрејевна Горенко (23 јуни 1889 – 5 март 1966), подобро позната како Ана Ахматова била руски модернистички поет и една од најценетите Руски писатели.
Нејзиното творештво опфаќа сѐ, од кратки лирски песни до комплексно структурирани циклуси, како Реквием (1935-1940), нејзиното трагично ремек-дело за сталинистичкиот терор. Нејзиниот стил беше неверојатно оригинален и препознатлив за нејзините современици. Силниот и јасен водечки женски глас погоди нов акорд во руската поезија.
Пишувањето ѝ се дели на два периоди – раните дела (1912-1925) и нејзината подоцнежна работа (од околу 1936 до нејзината смрт), одделени со една деценија на намален број литератури дела. Нејзината работа била осудена и цензурирана од сталинистичката власт и таа е позната по изборот да не емигрира и да остане во Русија, како сведок на злосторствата околу неа. Темите што ги обработува вклучуваат медитации за време и спомени, како и тешкотиите во животот и пишувањето во сенка на сталинизмот.
Примарни извори на информации во врска со животот на Ахматова се релативно ретки, бидејќи војните, револуцијата и тоталитарниот режим предизвикале многу од писмената евиденција да биде уништена.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.