Во светот на книгите Мисли и цитати Мотивација

16 моќни цитати од Ден Браун: „Сѐ е возможно, за невозможното е потребно повеќе време“

Вчера пишував статија за интересни факти и новитетот кај Ден Браун, а денес споделувам неколку негови цитати што ми привлекоа најмногу внимание и истите ги преведов бидејќи сметам дека треба да ги има и на македонски јазик собрани на едно место. Прочитајте ги во продолжение!

  1. Сѐ е возможно. За невозможното е потребно повеќе време.
  2. Науката и религијата не се непарни. Науката е едноставно премлада за да се разбере.
  3. Историјата секогаш ја пишуваат победниците. Кога две кулутри ќе се судрат, губитникот се брише, а победниците ги пишуваат историските книги – книги коишто го величат нивното дело и го потценуваат покорениот непријател. Како што еднаш рекол Наполеон: „Што е историјата освен една измислица со која се согласуваат?“.
  4. Гугл (Google) не е синоним за истражување.
  5. Порано или подоцна сите треба да го надминеме нашето минато.
  6. Да се живее во свет без да се биде свесен за смислата на светот е како да се лута во огромна библиотека без да се допрат книгите.
  7. Господ секогаш одговара на молитвите, но некогаш неговиот одговор е „не“.
  8. Ништо не го заробува човечкиот интерес повеќе од човечката трагедија.
  9. Ништо не е покреативно ниту деструктивно повеќе од брилијантен ум со цел.
  10. Нашите умови некогаш го гледаат она што срцето посакува да го види.
  11. Одлуките од нашето минато се архитекти на нашата сегашност.
  12. Секој ги сака заговорите.
  13. Отворете ги умовите мои пријатели. Сите ние се плашиме од она што не можемe да го разбереме.
  14. Науката ми вели дека Бог мора да постои. Мојот ум вели дека никогаш нема да го разберам Бог. И моето срце вели дека не треба.
  15. Господе, дај ми сила да ги прифатам работите што не можам да ги променам.
  16. Она што навистина е важно е она во кое верувате.

Сите овие мисли се извадени од неговите романи. Ако не читате трилери, сметаме дека треба да ги прочитате барем овие негови цитати кои се извадени токму од трилерите. Можеби после прочитувањето ќе посакате да му дадете уште една шанса на овој жанр.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје