Занимливости и информации Литература Општо Проза

Борис Вијан – надреалистички писател и француски џезер

Годинава се слави стогодишнина од раѓањето на Борис Вијан (Вил д’Авре, 10 март 1920 – Париз, 23 јуни 1959) – француски писател, поет, музичар, пејач, глумец, пронаоѓач и инженер. За жал, починал на денешен ден во Париз во 1959 година на 39 годишна возраст од срцев удар за време на проекцијата  на филмската верзија на неговата книга „Ќе плукам на вашите гробови.  Целиот живот страдал од срцева слабост за на крај да заврши трагично, но иако млад оставил зад себе големо творечко наследство, под влијание на американската книжевност чијишто бил љубител.

Пишува скоро во сите книжевни жанрови, а истовремено пишува и театарски претстави и филмски сценарија.

Тој бил писател, поет, музичар, пејач, глумец, пронаоѓач и инженер, но денес е најпознат по своите романи. Објавувал под разни псевдоними (преку 30), а како Вернон Саливен објавил бизарни романи, пародии на кривични фикции, многу контроверзни во времето на нивно публикување кои го однеле на суд, но и му донеле големи приходи. Објавувал и под своето право име, со карактеристичен високо индивидуален стил на пишување, со бројни измислени зборови, игри на зборови и надреалистички пристап.  

Борис Вијан по образование бил инженер и како таков работел во Француската асоцијација за стандардизација која го ограничувала за што го напишал својот сатиричен роман „Веркокен и планктонот“ (“Vercoquin et le plankton”) кој го напишал во својата дваесет и трета година. На седумнаесет години Вијан првпат го чул Дјук Елингтон и тогаш научил да свири труба. Му се јавил интерес за американската култура.

Пишува стотини песни, развива кариера на пејач во кабаре, глуми во филмови, стигнува да пишува критики за француски магазин посветен на џезот. Во рок од две години создава два запазени романи, еден ремек-дело „Вадисрце“ во 1946 година, а следната година, под псевдонимот Вернон Саливен, ја создава крвавата приказна „Ќе плукам на вашите гробови“. Овој насилен роман на Вијан бил забранет, а авторот бил казнет со 100.000 франци. Не се смирил и под истиот псевдоним напишал уште два шунд романи. „Ќе плукам на вашите гробови“ следи убиец, американскиот афроамериканец Ли Андерсон кој се одмаздува заради линчувањето на помладиот брат така што силува и убива бели девојки.

Според Џемс Болдвин, американски писател, суштината на таа книга не е во сексуалното изживување, туку зборува за гнев и болка. „Вијан (за тој гнев) можел да чуе во музиката на обоените по подрумите и баровите на тогашниот Париз. Можел тоа да го сознае и од Вилијам Фокнер, Ричард Рајт и Честер Хајмс, но тој тоа го чул во музиката и сигурно го видел на улиците“ забележал Болдвин.

Вијан исто така извршил влијание на француската џез-сцена. Напишал неколку критики за џез-сцените во Париз и објавил бројни статии кои се занимаваат со џезот како во Соединетите Американски Држави така и во Франција. Неговата музика и песни се популарни во текот на неговиот живот, а особено антимилитаристичката песна „Дезертерот“ (Le Déserteur).

Преведен е на македонски јазик и во издание на издавачката куќа Или-Или се овјавени неговите романи “„Ќе ви плукам на гробовите“ издадена 2010 година „Вадисрце“ издадена во 2009 година, „Пената на деновите“ издадена во 2010 година, и „Есен во Пекинг“ издадена во 2011 година. Се надеваме дека ќе ги прочитате и ќе уживате во овие несекојдневни дела кои пленат со својата бизарност и игра со зборови, кои се сметаат за класици на современата книжевност.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје