Skip to content

Конкурс под наслов: „Фестивал е-култура“, нов културен проект во Скопје

Пристигна уште еден конкурс организиран од група организатори. Конкурсот е од културен карактер. Прочитајте го соопштението што е преземено од официјалната фејсбук објава од еден од организаторите.

Организатори:
Издавачка куќа Феникс – Скопје
Фондација за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент – Скопје
Институт за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје
Здружение за инклузија, креативност и иницијатива Интеракција плус – Скопје

Место на одржување:
Скопје

Период на одржување:
‪1 јули – 1 октомври 2020 година‬

Содржини:
Избор на најдобри илустрации за деца и млади
Избор на најдобри преводи и препеви од млади преведувачи
Избор на најдобри самообјавени книги од сите области и жанри
Промоција на новото списание Учење низ игра
Промоција на новиот портал Кирилица
Промоција на зборникот Млади таленти
Промоција на антологијата Нова европска проза
Промоција на едицијата Прва книга
Промоција на списанието Пергамент
Промоција на новите изданија на Феникс, Македонија презент, Инаку и Интеракција плус

На Фестивалот ќе бидат доделени награди и признанија во следниве категории:

  • Најдобри илустрации за деца и млади;
  • Најдобри преводи и препеви од млади преведувачи;
  • Најдобри самиздат изданија
  • Право на учество за наградите и признанијата имаат сите заинтересирани и тоа:
  • За илустрации за деца и млади нема никакви тематски и старосни ограничувања;
  • За преводи и препеви од сите странски јазици, до 35-годишна возраст;
  • За самообјавени изданија без никакви старосни и други ограничувања.

Конкурсот е отворен од ‪25 јуни‬ – 25 август, а сите заинтересирани треба да испратат свои прилози во електронска форма на следниов мејл: f[email protected] или лично, односно преку пошта на следнава адреса: Феникс, ул.Костурски херои бр.35, 1000 Скопје.

Фестивалот и врачувањето на наградите и признанијата ќе се одржат во последната седмица од месец септември 2020 година

Напишете коментар