Прчитајте ја песната „Охридска убавина“ што ни ја испрати авторката Јасмина Михајлоска. Истава песна има освоено прва награда на конкурсот “Охридски бисер на поезијата – 2020”.
Погледнувам во далечина,
глетка моја омилена,
како слика на платно нацртана,
Охридска убавина.
Пред мене бескрајно синило,
очи да ми одморат.
Езерото и небото споени,
срце да ми украдат.
Знаев дека тоа ќе биде моето место,
тоа е место за кое сонувам.
Веднаш на прв поглед се заљубив,
од тогаш за таму копнеам.
Ми велат светот е голем, има милиони места,
ми велат не знаеш.
Ама тие се уште трагаат по своето,
тие не знаат.
Да го имаа најдено ќе знаеа, ќе сфатеа
зошто во глава само едно место е,
кога сакаш мир и спокој да пронајдеш
кога сакаш да побегнеш од се.
Малку е за Канео што и да кажам,
место мое омилено.
Немам доволно зборови да те опишам
ој Охридска убавино!
Јасмина Михајлоска